Навивачите на Лацио упатија смртни закани до Пулишиќ

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ доби смртни закани и други навреди по натпреварот против Лацио во италијанското првенство.

Во еден од најтензичните натпревари меѓу двата големи ривали во последно време, Милан го победи Лацио со 1-0 на гостувањето на Олимпискиот стадион во Рим, во натпревар во кој судијата Марко Ди Бело исклучи тројца домашни играчи, што ги налути навивачите на Лацио. .

Како што објави „Калчомеркато“, навивачите на Лацио упатиле смртни закани и други насилни навреди до Пулишиќ.

Пулишиќ беше во центарот на вниманието кога се судри со противничкиот играч Лука Пелегрини по наводниот фаул над играчот на Лацио, Валентино Кастеланос. Пулишиќ при судирот падна на тревата, а поради тој инцидент Пелегрини беше исклучен.

Меѓу пораките, еден од навивачите му напишал на американскиот фудбалер: „Умри од рак, г… но едно, може да летнеш во воздух со твоето семејство“.

„Не сакам да умреш, туку секој ден полека да страдаш“, споделил друг „обожавател“, додека Пулишиќ добил и порака: „Потроши ги сите пари на лекови, мајка ти нека умре“.

Слични содржини