Матиќ по трет пат под команда на Мурињо

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Српскиот играч за врска, Немања Матиќ ќе се пресели од Манчестер Јунајтед во Рома, пренесува италијанскиот канал „Скај Италија“.

Поранешниот репрезентативец на нашиот северен сосед има договор до крајот на овој месец и веќе објави дека го напушта „Олд Трафорд“.

Матиќ постигнал договор со римскиот тим за договор на една сезона со опција за дополнителна година, а со тоа по трет пат ќе соработува во тим со Жозе Мурињо.

Тие двајца веќе соработуваа во Челси и Манчестер Јунајтед, а сега тоа ќе се случи во главниот град на Италија.

Слични содржини