Шакира и Пике имале отворена врска, нема неверство?

од Nikola Popovski
357 прегледи

Пејачката Шакира и нејзиниот сопруг, фудбалерот Жерар Пике, ја изненадија јавноста кога по многу шпекулации потврдија дека се разведуваат.

Шакира и Пике биле заедно 12 години, а шпанските медиуми сега пишуваат дека во последно време имале „отворена врска“, па неверството не е причина за нивниот развод.

Наводно, одлуката не била взаемна, туку пејачката сама ја донела и на тој начин ја изненадила не само јавноста, туку и нејзиниот сопруг, пишува шпанскиот медиум „Марка“.

-Некој многу близок до Пике ме увери дека тоа не е неверство. Нејзината изјава, како и раскинувањето, беше големо изненадување, изјавил новинарот Хозе Антонио Авилес.

Имено, истиот новинар тврди дека фудбалерот и пејачката веќе неколку години се во „отворена врска“.

-Нивниот договор беше: „ти правиш што сакаш, а јас ќе правам што сакам јас“, а во јавноста се претставуваа како хармоничен пар, рекол новинарот.

Да потсетиме, како што неофицијално се пишуваше, Пике ја изневерил Шакира со 20-годишна студентка, што многумина го оценија како причина поради која колумбиската ѕвезда решила да се разведе.

Слични содржини