263
Состојки:
– 140 гр путер
– 160 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 2 јајца
– 220 гр брашно
– 4 лажици какао
– 180 мл млеко
– 200 гр чоколадо
– рендана кора од лимон
– 1/2 кесичка чоколаден пудинг
Подготовка:
Подгответе калап за 12 мафини, вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени.
Путерот се сече на помали парчиња, се мати кремасто со шеќерот, па се додава едно по едно јајце, ванилиниот шеќер, млекото и брашното измешано со сувите состојки.
Исклучете го миксерот, а потоа додадете ја сечканата чоколада на помали парчиња и измешајте со лажица. Наполнете ги калапите со смесата и печете 20 до 25 минути.