Познатата пејачка и фудбалерот неодамна ја изненадија јавноста ширум светот, кога ја објави веста дека ставиле крај на долгогодишната врска.
Сепак, ова не е единствената тешка околност што ја снајде Шакира.
Имено, нејзиниот татко Вилијам Мебарак Чадид доживеал несреќа во која бил повреден, а оваа повреда довела до проблеми со меморијата. За да се опорави од оваа несреќа, атрактивната пејачка му помагала на својот татко со вежби за когнитивна стимулација кои ја подобруваат меморијата.
Шакира на својот Инстаграм профил објави видео на кое се гледа како изгледаат нивните вежби. Пејачката држи натписи со едноставни зборови како „читај“, „тигар“ или „пијам“, додека нејзиниот татко ги чита зборовите од натписот.
Ова видео растажи многу нејзини следбеници ширум светот, па следеа коментари во кои обожавателите му посакаа на нејзиниот татко брзо закрепнување.
View this post on Instagram
-Неодамна добив неколку загрижени пораки од луѓе кои велеа дека ме виделе во амбулантска клиника во Барселона. Би сакал да објаснам како ова се фотографии од 28, кога татко ми за жал тешко падна. Тој ден го придружував во возило на брзата помош во болница, каде што сега се опоравува“, напиша тогаш Шакира, негирајќи ги приказните дека ѝ се слошило поради раскинувањето.
Пејачката претходно ја потврди веста дека раскинала со нејзиниот долгогодишен партнер, фудбалерот Пике. Во медиумите се појавија информации дека раскинувањето е поради неверство на фудбалерот, но по оваа информација се појавија тврдења дека Шакира и Пике се во отворена врска.