Познатиот фудбалер Жерар Пике и пејачката Шакира ставија крај на нивната 12-годишна љубовна врска. Причината, се чини, е Сузи Кортез со која Пике ја изневерувал Шакира.
Имено, светските медиуми на големо пишуваат дека Шакира го фатила сопругот во прељуба со Сузи.
А која е фаталната Сузи Кортез?
Сузи, која живее во Сао Паоло, има 32 години и има бројни следбеници на Инстаграм. Исто така, има страница на „OnlyFans“. Таа е модел, неколку пати била на насловната страница на магазинот „Плејбој“ и е позната ТВ водителка во Бразил.
Во 2015 година беше прогласена за Мис Бумбум, на натпреварувањето за најдобар задник.
Една година подоцна е избрана за амбасадор на Олимписките игри во Рио, пишува „dnaindia“.
Сузи беше именувана и за официјален амбасадор на Светското првенство во фудбал во 2018 година.
View this post on Instagram
Кога е во прашање аферата со Пике, таа открила детали од нивната врска.
„Тој ми испрати директна порака. Единствените играчи на Барселона кои никогаш не ми испратија ништо беа Меси и Кутињо. Тие се одлични сопрузи и ги почитуваат своите сопруги. Шакира не го заслужи ова. Ме прашуваше кога ќе се вратам од Бразил во Европа и му пречеше што Меси добил толку големо внимание од мене“, изјавила Кортез, пренесува „El Diario NY“.
Фотографиите кои сака да ги сподели на Инстаграм покажуваат и зошто Пике ја загубил главата по неа, што очигледно го чинело брак со познатата пејачка.
Фото: Getty Images