Скандал на сред улица: Шакира толку многу му викала на Пике што останала без глас

од Nikola Popovski
307 прегледи

Шакира и Жерар Пике најавија дека ќе се разведат, но не успеаја се да сокријат од јавноста.

Првите информации велеа дека раскинале поради неверството на Пике, но сега се се погласни оние кои тврдат дека раскинале години порано.

Силвија Таулес, шпанска новинарка, известила дека наводно толку многу се скарале на сред улица во 2017 година, што Шакира го изгубила гласот викајќи кон фудбалерот на Барселона, а потоа откажа концерт.

-Се скараа на сред улица, пред сите. Сомнежите за неверството на Пике не датираат од вчера или денес, открил шпанскиот новинар, цитирајќи ја познатата „Марка“.

Фудбалерот реши да ги тужи сите кои зборуваат лошо за него бидејќи тврди дека ја измамиле јавноста, дека му го уништиле имиџот и дека кажувале лаги. Тој тврди дека немало неверство, туку дека не биле заедно бидејќи едноставно повеќе не се разбирале, а љубовта кон пејачката од Колумбија исчезнала.

Пике, наводно, го официјализирал раскинувањето во март за ниту една страна да не претрпи нарушување на имиџот, но Шакира се обидела да ја поправи врската, што очигледно било неуспешно.

Каталонскиот дефанзивец е снимен и како поминува време во Стокхолм со млада русокоса девојка. Пике носел дуксер и качулка на главата, но сепак бил фотографиран околу полноќ на забава.

Слични содржини