Медведев: Молдавија ја губи државноста по украинско сценарио

од Nikola Popovski
205 прегледи

„Молдавија ја губи својата државност според украинското сценарио, ставајќи ја омразата кон Русија над сè друго“, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев на својот канал на Телеграм.

Тој додаде дека забрзаната девалвација на молдавската државност ги следи украинските модели.

„Омразата кон нашата земја станува главен приоритет“, напиша Медведев.

Тој исто така изјави дека Молдавија усвоила „морничав закон“ со кој се забранува Георгиевската лента, која стана симбол на победата над нацизмот и нагласи дека руските медиуми се „искоренуваат“ во таа земја, а непосакуваните опозициски лидери се затвораат под измислени обвинувања.

Слични содржини