Пике се обидува да се врати кај Шакира

од Stefanija Kuzmanovska
378 прегледи

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике се обидува да се смири со својата поранешна партнерка – колумбиската поп-ѕвезда Шакира. Двајцата се разделија откако стана јасно дека 35-годишниот фудбалер ја изневерувал.

Според „Марка“, играчот ја прекинал врската со келнерката, поради која раскина со 45-годишната пејачка.

Пике е сериозно загрижен за намерите на Шакира да ја напушти Шпанија и да се пресели во Мајами заедно со нивните две деца – Саша и Милан.

Поранешниот пар има несогласување по ова прашање. Желбата на Пике е Шакира да остане во Барселона со децата, но нејзините намери се поинакви.

Слични содржини