Родригез оди кај Мурињо во Рома?

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Колумбискиот играч за врска, Хамес Родригез е поврзуван за ново засилување на италијанска Рома, пишува „АС“.

Фудбалерот моментално е дел од катарски Ал Рајан, но клубот се обидува да го продаде. Играчот неодамна одби две понуди од Јужна Америка бидејќи сака да игра во Европа.

Родригез има 30 години и верува дека се уште може да го даде најдоброто во Европа, каде што веќе играше за Порто, Реал Мадрид, Баерн (Минхен) и Евертон.

За него Рома е идеална опција, бидејќи повторно ќе работи под водство на португалскиот стручњак Жозе Мурињо, со кого е во добри односи.

Слични содржини