Родригез за првпат зборуваше за раскинувањето со Џеј Ло

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Џенифер Лопез (53) ѝ се врати на старата љубов Бен Афлек (50) по веридбата со пензионираниот спортист Алекс Родригез. Меѓутоа, доколку пандемијата не им ги нарушеше плановите, тие можеби навистина ќе застанеа пред олтарот.

Но, тие не се венчаа, туку Џенифер сфати дека сè уште го сака Афлек, со кој беше многу одамна. На почетокот на овој милениум тие двајца беа еден од најпознатите парови на светската сцена.

Алекс неодамна беше гостин во емисијата „Кој зборува со Крис Валас?“ и за првпат ја коментираше целата ситуација.

„Беше убаво искуство, но не потраа. Во секој случај, на нејзините деца им посакувам се најдобро, и понатаму се грижам за нив“, му открил Алекс на Крис Валас.

Алекс и Џен два пати ја откажаа венчавката поради пандемијата, првата беше планирана за 2020 година. Покрај тоа, се шпекулираше дека тој ја изневерил со реалити ѕвездата Медисон Лекрој.

 

Слични содржини