Овие хороскопски знаци ги поврзува магнетна привлечност.
БИК И ДЕВИЦА
За Девците се знае дека се груби критичари и честопати се крајно цинични во врска со љубовта, но кога Девица и Бик ќе се најдат во иста просторија, тоа е комбинација која ќе го стопи ладното срце на овој хороскопски знак. Девицата ќе биде привлечена од топлината и отвореноста на Бикот поради кои ќе се чувствува безбедно, а Бикот ќе биде заинтригиран од срамежливоста на Девицата. Ќе почувствуваат дека зад нивниот оклоп се крие нешто подлабоко што сакаат да го истражат.
БЛИЗНАЦИ И ЛАВ
Близнаците се по природа исклучително љбопитни личности кои сакаат да запознаваат нови луѓе. Лавовите, од друга страна, едноставно обожаваат да зборуваат за нивната омилена тема: самите себе. Но, ги спасува шармот и топлината кои ќе ги привлечат Близнаците, и тие се добра публика за Лавот. Разговорот ќе тече спонтано и ќе резултира со силна хемија. Лавот ќе обожава да биде во центарот на вниманието на Близнаците, додека Близнаците ќе бидат привлечени од самодовербата и харизмата на Лавот.
ОВЕН И СТРЕЛЕЦ
Кога овие два огнени знака ќе се спојат, очекувајте вистински огномет на страст. Овен и Стрелец споделуваат заедничка страст кон животот. И двајцата цврсто веруваат во своите инстинкти и ги следат нивните желби, а токму овие карактеристики ќе ги привлечат едни кон други. Откако ќе се сретнат, авантурата е загарантирана.
РАК И РИБИ
Кога ќе се сретнат овие два хороскопски знака, на повидок е голема романса. Филмска романса. Двата знака на зодијакот бараат длабока поврзаност, искрена љубов и партнер кој не се плаши целосно да го отвори своето срце. И додека Ракот ќе ги крие своите тајни желби, Рибите многу брзо ќе ги препознаат и лесно ќе го прескокнат неговиот ѕид и ќе влезат директно во срцето на овој воден знак.
ВАГА И ВОДОЛИЈА
Само еден поглед помеѓу двата воздушни знака ќе биде доволен да се разберат без зборови. Овој вид на поврзаност, кога се чувствувате како некој да ве чита како отворена книга, ќе изгледа како судбинска средба, а не само силна хемија. Исто така, обајцата ја делат љубовта кон вистината и правдата што на прв поглед можеби нема да биде толку очигледно, но колку повеќе се запознаваат меѓусебно, толку повеќе ќе се развива нивната поврзаност и хемија.
СКОРПИЈА И ЈАРЕЦ
Скорпиите обожаваат секс, страст и бунтовништво, а затворениот Јарец ќе биде нивното крајно табу, што ќе ги направи едноставно неодоливи во очите на Скорпијата. Мрачната и мистериозна природа на Скорпијата ќе го привлече Јарецот, а хемијата ќе биде взаемна. Иако на почетокот ќе изгледа дека Скорпијата бара само страст, овој хороскопски знак е всушност многу потрадиционален отколку што се мисли. Длабоко во себе, Скорпијата бара сигурност и топлина, квалитети што ги красат Јарците. И двајцата ќе почувствуваат силна хемија на првата средба на која нема да можат да ѝ одолеат.