Путин: Северен тек 2 е подготвен – но постои проблем

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Пуштањето во употреба на гасоводот „Северен тек 2“ е еден од начините за зголемување на испораките на руски гас во Европа.

Тоа им го изјави на новинарите рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека половина од капацитетот на „Северен тек 2“ е веќе доделен за домашна потрошувачка.

„Имаме подготвена уште една рута, тоа е Северен тек 2. Може да биде лансирана“, рече Путин, зборувајќи за опциите за решавање на енергетската криза во Европа, пренесува Тасс.

Тој, сепак, истакна дека во моментов има „проблем“ со таа рута.

„Пред околу месец и пол или два, во разговор со германскиот канцелар (Олаф Шолц) го покренав ова прашање и реков дека Гаспром додели капацитети, дека ги создаде овие капацитети и дека мора да направи нешто околу тоа. Тие не можат засекогаш да висат во воздух“, рече Путин.

Според него, германскиот канцелар одговорил дека има поважни прашања.

„Значи, морав да предупредам дека половина од обемот на гас планиран за Северен тек 2 ќе користиме за домашна потрошувачка и употреба“, нагласи Путин.

Слични содржини