Рецепт за летна салата, со потекло од Германија, погодна за жешките летни денови
Состојки:
* 600-700 гр компири исечени на големи коцки
* 6 ленти сланина
* 1 црвен кромид ситно сецкан
* 2 лажици јаболков оцет
* лажица вода
* лажица маслиново масло
* половина лажица сенф
малку сол, малку шеќер
* свежо мелен црн пипер
* сецкан зелен кромид
Подготовка:
Сварете ги компирите и оставете да се исцедат и изладат. Сланината пропржете ја додека да стане крцкава и извадете ја на салфетка да ја впие маснотијата, па исечкајте ја.
Пропржете го црвениот кромид додека не омекне, околу 3 минути. Се матат јаболков оцет, вода, маслиново масло, сенф и шеќер и се додаваат во динстаниот кромид, на тивок оган минута или две, па се посолува со сол и бибер.
Измешајте со исечениот зелен кромид, па полека прелијте ја смесата врз компирите и сланината.
Послужете топло.
На здравје!