Анкета на ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на Мицкоски со двојна предност пред СДСМ

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ спроведе теренска анкета на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.

На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале? (*на целата популација), граѓаните одговориле:

• ВМРО-ДПМНЕ 19.7%
• СДСМ 9.5%
• ДУИ 6.2%
• Левица 5.9%
• Алијанса за Албанците 2.8%
• Други 4.2%
• Неодлучиле 22.5%
• Одбиле да одговорат 17%
• Не би гласале 12.2%

На прашањето дали го поддржуваат или не францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија, граѓаните одговориле

• Не го поддржувам 58%
• Го поддржувам 26%
• Одбива да одговори 16%

Слични содржини