Анкета на ИПСОС: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ

од Nikola Popovski

За потребите на најголемата опозициска партија, ИПСОС направи теренска анкета на репрезентативен примерок од 1002 испитаници, а резултатите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ води пред најголемата владејачка партија, СДСМ, со четири проценти.

На прашањето „Доколку се одржат предвремени парламентарни избори на кои би се кандидирале партии, а не коалиции за кого би гласале?“, 22 отсто од испитаниците одговориле за ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ би гласале 16 отсто.

Следна е ДУИ со седум отсто, потоа Левица со шест, па Алијанса за Албанците со пет отсто.

Неодлучни биле 14 отсто, одбиле да одговорат 16, а 10 отсто рекле дека нема да гласаат.

За разлика од неа, СДСМ има значителна предност со 26,1 процент поддршка кај граѓаните, додека ВМРО ДПМНЕ има 23,8 проценти рејтинг, покажа најновата анкета на Стратум РиД, спроведена во последната недела од септември и почетокот на октомври.

Слични содржини