254
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се спротивстави на објавувањето на налогот со кој им беше овозможено на агентите на ФБИ да го претресат неговиот дом во Мар-а-Лаго претходно оваа недела, јавува Би-Би-Си.
Во изјавата, Трамп рече дека го охрабрува неговото „итно објавување“, но повтори дека акцијата на федералните агенти е непотребна и политички мотивирана.
„Не само што нема да се спротивставам на објавувањето на документите кои се однесуваат на неамериканскиот, неоправдан и непотребен напад и грабеж на мојот дом во Палм Бич, Флорида, Мар-а-Лаго, туку ќе одам чекор понатаму со охрабрување на нивното непосредно објавување“, рече Трамп.