САД имаат разузнавачки информации дека Русија наскоро планира нови напади врз украинската цивилна инфраструктура и владини објекти, изјави претставник на американската администрација за „Ројтерс“.
„Имаме информации дека Русија ги засилува подготовките и ќе изврши напади врз украинската цивилна инфраструктура и владини објекти во наредните денови. Имајќи ги предвид резултатите на Русија во Украина, загрижени сме поради континуираната закана што руските напади ја претставуваат за цивилите и цивилната инфраструктура“, рече во понеделникот функционер кој сакаше да остане анонимен.
„Имаме информации дека Русија ги интензивира подготовките и ќе изврши напади врз украинската цивилна инфраструктура и владини објекти во наредните денови“, изјави претставник на американската администрација, истакнувајќи дека неговата изјава се заснова на проценка на пониските нивоа на американските разузнавачки служби.