Ждрепка за ЛШ: Баерн со Барселона и Интер, Јуве оди на ПСЖ

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Во европската куќа на фудбалот во Нион се одржа ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите.

Најсилна група, барем според имињата на ривалите, е онаа со Баерн Минхен, Барселона и Интер, а апсолутен аутсајдер е чешкиот Пилсен.

Многу интересно ќе биде и во групата Е во која ќе биде Динамо Загреб. „Сините“ ќе ги одмерат силите против Милан, Челси и Салцбург.

Европскиот првак Реал Мадрид добро помина, ќе биде во групата со Лајпциг, Шахтјор и Селтик.

Јувентус е во група со моќните ПСЖ, Бенфика и израелскиот Макаби Хаифа.

Првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите ќе се игра на 6 и 7 септември, а последното, шестото, на 1 и 2 ноември.

Нокаут фазата ќе започне со осминафиналните натпревари во кои ќе се пласираат двете најдобри селекции од секоја група, на 14 и 21 февруари следната година.

Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 10 јуни на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Групи во Лигата на шампионите 2022/23:

Група А: Ајакс (Холандија), Ливерпул (Англија), Наполи (Италија), Ренџерс (Шкотска).

Група Б: Порто (Португалија), Атлетико (Шпанија), Леверкузен (Германија), Бриж (Белгија).

Група Ц: Баерн Минхен (Германија), Барселона (Шпанија), Интер (Италија), Плзен (Чешка).

Група Д: Ајнтрахт (Германија), Тотенхем (Англија), Спортинг (Португалија), Марсеј (Франција).

Група Е: Милан (Италија), Челси (Англија), Салцбург (Австрија), Динамо Загреб (Хрватска).

Група Ф: Реал Мадрид (Шпанија), Лајпциг (Германија), Шахтјор (Украина), Селтик (Шкотска).

Група Г: Манчестер Сити (Англија), Севиља (Шпанија), Дортмунд (Германија), Копенхаген (Данска).

Група Х: ПСЖ (Франција), Јувентус (Италија), Бенфика (Португалија), Макаби Хаифа.

Слични содржини