Во овој хороскопски знак се родени НАЈБОГАТИТЕ луѓе на планетата

од Берта Китинска
490 прегледи

Според листата на Форбс во 2022 година, во светот има нешто повеќе од 1.000 милијардери чие вкупно богатство се проценува колективно на 12,7 трилиони долари. Најголем број милијардери, 735, живеат во Америка, а потоа следат кинеските милијардери, 603.

Се збогатиле на различни начини, но нивниот успех и огромни пари може да се објаснат и од астролошки аспект. Имено, астролозите ги анализирале нивните натални карти за раѓање и се покажало дека повеќето од нив се родени во ист хороскопски знак.

ЛАВ

Доколку сте родени во хороскопскиот знак Лав, имате најмногу шанси да стекнете богатство. Лавовите се родени лидери и ги имаат сите карактеристики на лидер, без оглед на тоа каква работа работат. Тие се доминантни, имаат силен карактер, но и оптимистички поглед на животот. Во исто време, тие можат да бидат тврдоглави, арогантни и често агресивни, особено кога е работата во прашање. Не се откажуваат од своите цели, што е една од нивните главни карактеристики кога се во прашање работата и кариерата.

Имаат остар ум, брзо размислуваат и не се плашат да ризикуваат. Интересно е што меѓу брокерите на Њујоршката берза има токму такви кои се родени во овој знак.

Секако, тоа што некој е роден во знакот Лав не значи дека сигурно ќе стане богат, бидејќи за тоа мора да има предиспозиции, односно дека личноста се занимава со таков тип на профитабилен бизнис што може да донесе му огромна сума на пари.

Слични содржини