Аргентинскиот фудбалер Мауро Икардо се сели во Галатасарај, објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.
Икарди не се прослави во Пари Сен Жермен кој го донесе од Интер.
Аргентинецот го напушти Интер бидејќи тој и Ванда Нара, неговата сопруга и менаџер, се скараа со управата на клубот.
За време на неговиот престој во Париз, тој се скарал и со неа поради наводите за прељуба, но Николо Шира, италијански новинар, вели дека заедно заминале за Истанбул.
ПСЖ има „убиствено“ напаѓачко трио со Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе во водство, па Икарди е очигледно вишок.
Според Романо, тој ќе пристигне на позајмица, а ПСЖ ќе продолжи да му плаќа поголем дел од приходите.
Икарди го прифатил договореното пред неколку дена, а зделката сега е завршена и се чекаат само потписите на хартија.