Овие четири хороскопски знаци се сосема свесни за тоа дека храната ни е пред сè, потребна за да преживееме. Но, некогаш не можат да престанат со јадење, бидејќи тоа им е премногу вкусно.
Но, постои и теорија според која одредени карактеристики влијаат врз тоа колку некој ја сака храната и тие се поврзани со астрологијата.
Ова се четирите знаци кои имаат ваква навика:
Скорпија
Кога треба да воспостават контрола врз нешто што го прават, на Скорпиите најчесто им треба повеќе храна. Тие не сакаат кога им пропаѓаат плановите или некој им застанува на патот, па и во овој случај им треба повеќе храна. Кога се најадени добро, се поотпорни на стрес.
Водолија
Најчесто се личности со брз метаболизам, кои ги нервираат оние околу нив кои постојано им приговараат дека не се дебелеат. Но, сето ова е со рок на траење. Како минат годините, така слабее и нивниот метаболизам, а навиката за внес на големи количини храна останува.
Близнаци
Се прејадуваат затоа што не знаат што друго да направат. Близнаците не се доволно храбри за да пристапат кон реално решавање на проблемите, па посегнуваат по храна, мислејќи дека на тој начин ќе си дадат сила во тешки времиња.
Риби
Кај Рибите не се потребни некои посебни причини да уживаат во храната. Тие тоа го прават затоа што е вкусна и затоа што им е убаво да бидат слободни од емоции кои не го попречуваат нивниот мисловен процес. Затоа и често јадат до момент на „препукнување“, но и тогаш сакаат да пробаат уште малку од храната.