311
Состојки:
– 3 јајца
– 100 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 120 мл јогурт
– 100 мл масло
– 150 гр брашно
– 3 лажици какао
– 1 прашок за пециво
– вишни, количина по вкус
Глазура:
– 500 мл слатка павлака
– 300 гр темно чоколадо
Подготовка:
Пенесто изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Во него додадете јогурт, масло и брашно измешано со какао и прашок за пециво. Додадете вишни на крајот.
Обложете го плехот со хартија за печење и истурете ја смесата. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Кога ќе се испече, оставете го целосно да се излади, а во меѓувреме на пареа растопете го чоколадото со слатката павлака.
Со глазурата прелијте го колачот и ставете го во фрижидер да се стегне.
Пријатно!