156
Шведската полиција ќе соработува со колегите од Данска и Германија во истрагата за причината за експлозијата на два гасоводи во Балтичкото Море, соопшти денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.
„Важно е да се утврди што се случило, причината за протекувањето. Денеска се договоривме полициските власти во Шведска, Данска и Германија да соработуваат за да разјаснат што се случило“, рече Андерсон на прес-конференција, пренесе Ројтерс.
Во понеделникот беше откриено истекување гас од системот на гасоводот Северен тек во шведските и данските води на Балтичкото Море, при што Европската унија и НАТО изразија уверување дека инцидентот е резултат на саботажа.