159
Русија е информирана преку дипломатски канали дека не се планира да се вклучи Москва во истрагата за инцидентите на гасоводите Северен тек 1 и 2, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека е невозможно истрагата да биде спроведена без учество на Москва, пренесе „Ројтерс“.
Претставничката за медиуми на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова оцени дека доколку Москва и „Гаспром“ бидат исклучени од истрагата, тоа значи дека Западот нешто крие, пренесе ТАСС.