Ромевски: Американците ќе се обидат да ги внесаат сите партии на Албанците во Владата

од Destan Jonuzi
274 прегледи

Американците ќе се обидат во наредниот период да ги внесаат сите партии на Албанците во Владата, со тоа што ќе се обидат да го амортизират малку економскиот притисок со правање фактички кворум, а од друга стране да се обезбеди двотретинско мнозиство за уставните измени, вели политичкиот аналитичар Оливер Ромевски во изјава за „Локално“, коментирајќи ја можноста на парламентарното мнозиство да се обиде да обезбеди двотретинско мнозиство за внесување на Бугарите во преамбулата на Уставот.

– Се надеваат дека со купување на пратеници, инистирам на купување пратеници затоа што во изминатиот период имавме буквално купување на пратеници. Тоа не е политичка размисла дека тие во моментов го менуваат својот став, свеж ни е случајот со пратеникот на БЕСА. Со купување на пратеници ќе се обидат да ги создадат тие 80 потребни пратеници. Иако, по Уставот, каде што јас се сметам за компентентен, бројката мора да биде 81 пратеник, вели Ромевски.

Тој додава дека еднаш на парламентарното мнозиство му поминале уставните измени со гласови на 80 пратеници, и сега, според него, ќе се обидаат повторно тоа да го направат.

Д.Ј.

Слични содржини