165
Русија денеска соопшти дека повикала дипломати од Германија, Данска и Шведска да вложат протест поради тоа што претставници на Москва и на компанијата „Газпром“ не биле поканети да учествуваат во истрагата за инцидентот на гасоводот „Северен тек“.
„Јасно е дека Русија нема да ги признае псевдо-резултатите од таквата истрага, освен ако не се вмешани руски експерти“, соопшти министерството за надворешни работи.
Причината за дефектот на гасоводот „Северен тек“, кој минува под Балтичкото Море, останува нејасна, но земјите од Европската унија посочија дека станува збор за саботажа.