Зеленски: Луѓето на Путин ќе се напијат вотка и викаат: „Ќе употребиме нуклеарно оружје“

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјавил дека „Путин ни се заканува на сите со нуклеарно оружје“.

„Видете, тој ја зазеде Украина, ние го санкциониравме, но тој продолжува понатаму. Тој се заканува со нуклеарно оружје! Неговите придружници се кученца, не се дури ни кучиња. Само кученца. Секој од нив пие по педесет грама вотка и вика: Утре ќе употребиме нуклеарно оружје! За што станува збор тука?“, неведе Зеленски.

Заштитата на украинското небо е најважниот чекор за ставање крај на војната

Зеленски вели дека „заштитата на украинското небо од руски ракетен терор ќе биде основен чекор за ставање крај на војната во блиска иднина“.

За време на онлајн говорот на седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, тој побара од сите „во политиката, медиумите – да се залагаат за обезбедување доволно количество системи за противвоздушна одбрана и противракетна одбрана за Украина“.

„Веќе оваа година мораме да го заштитиме нашето небо од рускиот терор. Ако го сториме тоа, тоа ќе биде фундаментален чекор за завршување на војната во блиска иднина“, истакна Зеленски.

Слични содржини