ВМРО-ДПМНЕ повеќе од една година блокира над 100 закони важни за граѓаните, обвинија од СДСМ

од Nikola Popovski
138 прегледи

Во ек на најголема светска економска и енергетска криза пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со недели го одолговлекуваат законското решение со кое на речиси 200.000 граѓани треба финансиски да им се помогне во следните четири месеци, обвинија утрово од СДСМ.

Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието повеќе од една година блокира над 100 закони важни за граѓаните и државата.

-Заради неодговорниот однос и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски, државата е оштетена со 100 милиони евра, средства од ЕБОР за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, наместо за граѓаните, оваа партија работи за личните и бизнис интереси на мала група луѓе од партиското раководство. Тоа е срамно и неодговорно постапување на Мицкоски и неговата партија, соопштија од СДСМ.

Вчера и премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски ги обвини пратениците на најголемата опозициска партија.

-На средбата денеска во Собранието, исто така разговаравме и за сите оние закони а тоа се повеќе од 130 закони кои се наоаѓаат во Собранието а кои што не се изгласани заради блокадата која ја прави опозицијата. Тука најмногу стана збор и за владеењето на правото и борбата против корупцијата и сите закони поименично ги набројат кои треба да се одобрат од Собранието со оглед на тоа што тоа е еден од врвните критериуми во делот на пристапот на државата во ЕУ, порача синоќа Ковачевски.

Слични содржини