Ердоган: Ќе ги нападнеме курдските милитанти со тенкови и копнени сили

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе започне со напади против курдските милитанти со тенкови и копнени сили што е можно поскоро, откако ескалираа одмаздничките напади меѓу турските сили и курдската милиција ИПГ долж сириската граница.

Ердоган рече дека турските сили веќе неколку дена ги напаѓаат курдските терористи во северна Сирија и дека целта е што поскоро да ги елиминираат со тенковски напади и копнени сили, пренесе „Ројтерс“.

Претходно денеска Турција ја повика АД да ја прекине поддршката за сириската курдска милиција ИПГ по ескалацијата на одмаздничките напади долж турско-сириската граница.

Турција соопшти дека сириската курдска милиција ИПГ убила три лица во минофрлачки напади од северна Сирија во понеделникот, по турските операции против милицијата во текот на викендот.

Акцијата уследи по бомбашкиот напад на 13 ноември во Истанбул, во кој загинаа шест лица и за кој Анкара ги обвинува забранетата Курдистанска работничка партија и курдските групи во северна Сирија поврзани со неа.

Сириските демократски сили (СДФ) предводени од ИПГ соопштија дека 15 цивили и борци биле убиени во турските напади во последните денови.

Слични содржини