322
Смути во кое особено ќе уживаат љубителите на цимет.
Состојки:
– 1 портокал
– 2 dl јогурт
– 1 банана
– малку мед по желба
– цимет за посипување
Подготовка:
Излупете го портокалот и исечете го на помали парчиња, исто така и бананата исечете ја на помали парчиња.
Сè ставете во блендер заедно со јогуртот и убаво измешајте.
Додадете малку мед по желба.
Истурете во чаша и посипете со цимет.