Наставниот совет на Техничкото училиште од Трстеник, Србија, донесе одлука да ги исклучи од училиштето учениците кои го извлекоа столчето на нивната професорка и го снимија инцидентот.
Набрзо се огласи жртвата на нападот, професорката Марија Стевановиќ.
„Срцето ми е полно, им благодарам на сите што беа покрај мене. Новинари, професори, колеги и мило ми е што овој случај заврши вака“, изјави професорката Стевановиќ.
Професорката ќе биде на боледување во следните два месеца.
Да потсетиме, на грозоморното видео кое ја обиколи Србија се гледаат ученици како ја малтретираат својата професорка така што еден ученичк стои зад неа, додека друг сето тоа го снима. Тогаш ученикот зад професорката го извлекол нејзиниот стол, а таа од падот се здобила со полесни повреди.
Потоа, видеото му го испратиле на синот на професорката кој бил во училницата од спротива.