Светот го демне нова опасност од сипаници, Македонија засега со низок опфат на вакцинација

од Mimi Spasovska
264 прегледи

СЗО предупредува на нова опасност за светот од епидемија на сипаници и порачува дека најмалку 95 отсто од населението треба да се имунизира за да се спречат епидемии.

Светската организација објави дека имунизацијата против сипаници значително се намалила од почетокот на пандемијата на коронавирусот, а околу 40 милиони деца ја пропуштија вакцината минатата година.

Во Македонија податоците покажуваат дека во текот на 2021 за прва доза МРП вакцина процентот на опфат изнесува 70,4%, а за втората доза 80,4 отсто.

Во споредба со 2020 година кога се бележи исклучително низок опфат со МРП вакцината, 63% за прва доза и 68,5% за втората доза, на национално ниво тоа е зголемување на опфатот но тоа не е доволно за колективен имунитет, вели за „Локално“ имунологот Катерина Ставриќ.

Катерина Ставриќ

Катерина Ставриќ

„СЗО вели дека треба да има опфат од 95, а бројките од 2021 покажуваат низок опфат, опфатот и кај нас падна порди пандемијата. За 2022 се очекува да има пораст но дали ќе го постигнеме тој процент .. тешко“, вели Ставриќ

Во јавноста е познато дека постои одредена одбивност кон МРП вакцините, која е резултат на агресивните дезинформации и лажни вести кои здравствените власти ги побиваат со кампањи. Но најголем проблем за имунизцијата со морбили во 2020 беше пандемијата со Ковид.

Др Ставриќ вели дека ќе продолжат активнсотите за да се обезбеди поголем опфат со имунизацијата.

„Има кампањи, превентивните тимови прават истражувња, ги повикуваат родителите на децата што не се имунизирани. Да почекаме да излезат податоците за опфат за 2022 па ќе се направи и стратегија за мерки ако се покаже дека е потребно“, вели докторката

Инаку за време на Ковид пандемијата, услугите за имунизација беа достапни но, имаше одредени проблеми што придонесоа за намалени стапки во  2020 година. На пример, затворањето на училиштата доведе до доцнење во организирањето на систематските здравствени прегледи и групната имунизација, ресурсите се пренасочија кон задоволување на потребите на вакцинацијата против ковид.

Малите сипаници се едни од најзаразните респираторни заболувања кои можат да доведат до тешки, понекогаш и трајни компликации од типот на пневмонија, оток на мозокот, хоспитализација и смрт. Особено се опасни за деца под 5 години.

М.С.М.

Слични содржини