155
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека го воведува терминот „mpoks“ како синоним за мајмунските сипаници и апелираше до сите здравствени институции да почнат да го користат овој термин, бидејќи сегашното име на болеста има „расистичка“ конотација.
„Двете имиња ќе се користат истовремено една година, додека терминот ‘мајмунски сипаници’ постепено се укинува“, соопшти СЗО, пренесе „Ројтерс“.
Мајмунските сипаници се откриени во 1958 година и се именувани по првото животно кое покажало симптоми.