Ослободената кошаркарка Бритни Гринер пристигна во САД

од Stefanija Kuzmanovska
130 прегледи

Бритни Гринер, американската кошаркарка која беше ослободена од руски затвор, пристигна во САД.

Една од најдобрите играчи на планетата беше разменета за рускиот дилер на оружје Виктор Бут.

Гринер беше уапсена на 17 февруари годинава на аеродромот Шереметјево затоа што имала масло од канабис во патроните со електронски цигари.

Размената се случи на аеродромот во Абу Даби од каде Гринер се упати кон Сан Антонио каде слета во петокот рано наутро по американско време.

Претседателот Бајден и неговата администрација ја понудија сета неопходна помош за Гринер да закрепне што е можно побрзо од нејзиниот престој во затвор каде што помина повеќе од осум месеци.