Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска пред илјадници луѓе на церемонија во Белата куќа го потпиша законот за хомосексуални бракови.
„Овој закон и љубовта што ја штити нанесуваат удар против омразата во сите нејзини форми, и затоа овој закон е важен за секој Американец“, рече Бајден во Белата куќа.
Новиот закон има за цел да ги заштити хомосексуалните бракови доколку Врховниот суд на САД некогаш ја поништи пресудата Обергефел против Хоџис.