Се огласи КФОР по барањето на Србија за враќање на армијата во Косово

од Radmila Tasevska
134 прегледи

Мисијата на НАТО на Косово денес соопшти и потврди дека го добила барањето на Србија за враќање на до 1.000 припадници на безбедносните сили на Косово и Метохија!

-Добивме писмо од Србија и сега го испитуваме. КФОР останува многу внимателен и целосно способен да го исполни својот мандат кој произлегува од Обединетите нации – се наведува во одговорот на командата на КФОР до албанските медиуми за Косово и Метохија.

Владата на Србија, да потсетиме, вчера донесе одлука да побара од мисијата на НАТО на Косово да испрати одреден број безбедносни сили на Косово. Ова го потврди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Барањето на Владата на Србија за враќање на сто до илјада српски безбедносни сили според резолуцијата 1244 на територијата на Косово и Метохија денес е доставено до КФОР на административниот премин Мердаре.

Слични содржини