КФОР денеска ја отстрани последната барикада на северот на Косово и Метохија, откако ги тргна камионите од барикадата кај Дудин Крш.
Единицата на КФОР спроведе акција и отстрани два камиони на новиот мост кај Дудин Крш во северниот дел на Косовска Митровица.
Во соопштението на КФОР се наведува дека возилата се отстранети со цел патиштата на северот на Косово и Метохија да бидат проодни и да се врати слободата на движење, пренесе РТС.
Барикадата на мостот кај Дудин крш беше поставена на 27 декември, кога исто така беше поставена во центарот на Косовска Митровица кај Бошњачка Махала како одговор на Србите од Косово и Метохија поради апсењето на Милан Аџиќ, Слаѓан Трајковиќ и Дејан Пантиќ и присуството на специјалните единици на косовската полиција на север.
Камиони на тој мост беа запалени во ноќта меѓу 28 и 29 декември, кога беше донесена одлука за повлекување на Србите од барикадите.
Објавата на КФОР на Твитер претходно денеска, исто така, посочи дека операциите за отстранување на барикадите се спроведуваат со цел да се врати слободата на движење.
Фото: Nova rs