Поранешниот премиер на Јордан, Абделсалам ал-Маџали, кој го потпиша мировниот договор меѓу Јордан и Израел, почина во вторник на 98-годишна возраст, пишува „Џерусалим пост“.
Покрај премиер, Маџали беше и министер за надворешни работи, во периодите од 1993 до 1995 година, а нешто подоцна и од 1997 до 1998 година.
Маџали беше премиер од мај 1993 година до јануари 1995 година, кога беше потпишан мировниот договор меѓу Израел и Јордан.