Православните верници ширум светот го слават Божиќ: Празникот освен во Европа денеска се слави и во Африка

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Православните верници кои го следат Јулијанскиот календар го слават Божиќ на 7 јануари, а освен во Македонија, овој празник денеска се слави и во Црна Гора, Србија, Русија, Украина, Белорусија, Грузија, како и во африкански земји, како Етиопија и Египет.

Се проценува дека има меѓу 250 и 300 милиони православни христијани. Најголемиот број од нив живеат во Источна и Југоисточна Европа, вклучувајќи ги Русија и Украина, но има и значителни православни христијански популации на Блискиот Исток и Африка.

Некои земји како Ерменија го слават Божиќ на 6 јануари. А Ерусалимската православна црква го слави Божик на 7 јануари.

Православното христијанство е најчестата форма на христијанство на Блискиот Исток, а повеќето од нив живеат во Египет и Левант. Се проценува дека меѓу 10 и 15 милиони Египќани се христијани, од кои повеќето припаѓаат на Коптската православна црква.

Начинот на славење и традициите значително се разликуваат од земја до земја.

Руските православни верници, на пример, се молат редовно 39 дена пред Божиќ – до вечерта на 6 јануари, кога започнуваат свечените литургии. Следниот ден, на празникот, семејството се собира околу масата, на која има 12 видови храна, во чест на дванаесетте апостоли, пишува National Geography.

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на божиќната богослужба во катедралата Благовештение во Кремљ. По правило, Путин го слави Божиќ надвор од Москва, додека на Велигден обично оди во катедралата Христос Спасителот, пренесе ТАСС.

„Искрено ви го честитам Божиќ. Овој светол празник што сите го сакаат ги инспирира луѓето на добри дела и намери, служи за воспоставување духовни вредности и морални насоки како милост, сочувство, добрина и правда во општеството. Црковните организации имаат приоритет меѓуетнички и меѓурелигискиот мир и хармонија во нашата земја, грижа за оние на кои им е потребна помош и поддршка на нашите борци кои учествуваат во специјалната воена операција. Таа голема, навистина несебична работа е достојна за најискрена почит“, рече Путин.

А Грузиската православна црква собира повеќе од три милиони верници. На Божиќ, Грузијците излегуваат на улица, организирајќи традиционална прошетка – Алило. Потоа облекуваат специјална облека и ги украсуваат Чичилаките, нивната верзија на елката.

Прославување на Божиќ во Африка

Прославата на Божиќ во етиопската православна црква Тевахедо се нарекува Гана, а на неа и претходи ден на пост.

Многу аџии во Етиопија патуваат во Лалибела за Божиќ – со автомобил или дури и пеш. На уништените патишта, патувањето понекогаш трае со денови, но тие се истрајни затоа што претстојат два важни празници за етиопските православни христијани: Божиќ на 7 јануари и крштевањето на Исус Христос, или Богојавление, на 19 јануари.

Иако нема проверени статистички податоци за верската припадност на населението во Еритреја, според грубите податоци, околу 40 отсто од населението се припадници на христијанството, од кои околу 24 отсто од христијаните се припадници на православната вероисповед.
Една од деветте етнички групи во Еритреја се Тигриња и тие сочинуваат околу 50 проценти од вкупното население на оваа земја. Тие живеат во централните и јужните висорамнини на Еритреја, а повеќето членови се православни христијани, според National Geography.

И околу 15 проценти од населението на Египет се декларира како христијани, а 90 проценти од овој дел од населението припаѓа на Коптите, кои го слават Божиќ на 7 јануари.

Зошто христијаните не го слават Божиќ на ист ден?

Македонската православна црква заедно со некои други христијански заедници го користи Јулијанскиот „стар“ календар и според него 25 декември всушност е 7 јануари. Оваа разлика настанала во 1582 година, кога во времето на папата Григориј XIII била извршена календарска реформа. Затоа, повеќето празници што ги празнуваат двете цркви се слават со разлика од 13 дена.

Грегоријанскиот „нов“ календар веднаш беше прифатен од Италија, Полска, Португалија и Шпанија, а наскоро и од другите католички земји. Протестантските земји многу подоцна се префрлија на Грегоријанскиот календар, а некои православни заедници тоа го направија дури во 20 век.

Грчката православна црква, на пример, го усвои Грегоријанскиот календар во 1923 година.

Слични содржини