Пике повторно ја повреди Шакира: Поради ова ВИДЕО пејачката е скршена

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

Жерар Пике и Шакира се разделија во јуни 2022 година, според официјалното соопштение. Шпанскиот печат тогаш дозна дека фудбалерот се гледа со Клара Чија Марти (25), која е десет години помлада од него. Три месеци подоцна, двајцата се појавија заедно на социјален настан, а шпанскиот интернационалец беше критикуван затоа што толку брзо ја покажа својата нова девојка во јавноста. Работите всушност траат многу подолго.

Дека Пике и Марти се гледаат веќе некое време покажува видео од 2021 година, кога девојката се појавува во позадина, за време на zoom интервју кое го дал Пике. Сликите се од куќата во која Пике живеел со Шакира и нивните две деца.

„Шакира била скршена откако ги видела сликите на оваа жена која се чувствувала како дома во местото каде таа живеела со Жерар Пике и децата“, пишува порталот Page Six.

Новинарите открија дека во тоа време уметницата од Колумбија и нејзините две деца биле на патување.

„Поразително е да се дознае дека врската на Пике со Клара Чија започнала многу порано отколку што можевте да замислите“, заклучил споменатиот извор.

„Марка“ пред некој ден напиша дека дошло до нов конфликт меѓу Пике и Шакира, откако Милан, најстариот син на двајцата, се појавил со својот татко во директен пренос. Актерката се труди своите деца да ги држи подалеку од медиумската врева и смета дека нејзиниот син бил „разоткриен“ со овој чекор.

Слични содржини