Пике продолжи да ја провоцира Шакира: Дојде на работа со Твинго (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
230 прегледи

Поранешниот фудбалер на Барселона Жерар Пике не се раздели баш пријатно со неговара неодамнешна партнерка Шакира.

Тие двајца раскинаа минатата година по обвинувањата за негово неверство и оттогаш нивната врска драстично се влоши.

Шакира во својата новогодишна честитка го прозвала човекот со кој има две деца.

Сепак на Пике повеќе му пречела песната во која таа вели дека неодамнешниот фудбалер „заменил Ферари за Твинго“, алудирајќи на тоа што Пике ја загубил.

Еден од стиховите се однесува и на тоа дека фудбалерот „сменил Ролекс за Касио“, а на тоа имал два провокациски одговори.

Прво го земал Касио како нов спонзор на „Kings League“, што е негов нов деловен потфат, а потоа на работа дошол со Рено Твинго.

Слични содржини