Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри североисточно од Тирана, во близина на Бурел, јавуваат албанските медиуми.
Но, потоа дојде до промена и измерено е дека земјотресот имал јачина од 5.2 степени по Рихтер.
Како што се наведува, по првиот следел втор, полесен земјотрес. Засега има информации само за помала материјална штета во областа Клос.
Земјотресот бил почувствуван и во Македонија и во Црна Гора. Земјотресот ги стресе и Охрид, Кичево, Струга и Дебар.
Нема информации за причинета материјална штета во домови во нашата земја.
-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва, 15 јануари 2023 година, во 22 часот и 37 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 20 километри североисточно од Тирана, во соседна Република Албанија, односно 130 km југозападно од Скопје.
Земјотресот е со локална Рихтерова магнитуда ML4.8. Според досегашните информации со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на нашата Република, особено во западните делови, во градовите Дебар, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала,нво северните делови, во градовите, Скопје, Велес и околината со интензитет од III степени, во југозападните делови, Охрид, Ресен, Битола и околината со интензитет од II – III степени според истата скала, информираа синоќа детално од Центарот за управување со кризи (ЦУК).