324
Скопјанец пронајден починат на улица во центарот на градот, информираа денеска од полицијата.
Синоќа во 22.33 часот во полициската станица Центар било пријавено дека на ул.„Даме Груев“ бил пронајден починат З.М.(64) од Скопје.
Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, велат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.