326
Пет пожарникари од општина Куманово со возило и опрема заминуваат да помогнат во Турција, во погодените подрачја од земјотресот.
-Среќно момци! Куманово било и ќе продолжи да биде солидарен и хуман град пријател на сите народи, информира градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
На вчерашната вонредна седница на Советот, едногласно беше прифатен предлогот на Димитриевски за доделување на парична помош од Буџетот на Општина Куманово во износ од милион денари за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.