214
Десерт за кој не ви се потребни јајца.
Состојки:
– 1 чаша јогурт
– 1 чаша млеко
– 1 чаша масло
– 1 чаша кокос
– 1 ванилин шеќер
– 2 чаши шеќер
– 2 чаши брашно
– 1 лажичка прашок за пециво
Глазура:
– 100 гр чоколадо
– 3 лажици масло
(мерка – чаша од 2 дл)
Подготовка:
Со лажица измешајте ги сите состојки како што е наведено.
Смесата истурете ја во помала, подмачкана и набрашнета тава и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
Чоколадото со масло растопете го на пареа и прелијте го врз колачот. Кога глазурата ќе се стврдне, исечете го колачот.