156
Тим израелски хакери, кои во последните 20 години влијаеле на резултатите на повеќе од 30 избори ширум светот, користејќи хакирање, саботажа и автоматизирани дезинформации на социјалните мрежи, е разоткриен по темелни истраги, пишува лондонски „Гардијан“.
Според весникот, тимот бил предводен од поранешниот оперативец на израелските специјални сили Тал Ханан, кој работел под кодното име „Хорхе“.
Тој и неговиот тим, кои го користеле кодното име „Тим Хорхе“, биле откриени преку тајни снимки и документи до кои „Гардијан“ имал пристап.