110
Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина денеска соопшти дека за време на руските напади врз таа земја загинале најмалку 461 дете, а 927 биле ранети.
Исто така, исчезнати се 349 деца, додаваат од канцеларијата, повикувајќи се на државната полиција, пренесе „Киев Индипендент“.
Се додава дека бројот на загинати деца не е зголемен од 19 февруари, но дека е зголемен бројот на ранети деца поради руските напади.