152
Во Србија денеска се регистрирани пет нови земјотреси, објавено е на веб-страницата на српскиот Републички сеизмолошки завод.
Првиот земјотрес е регистриран во Бор во 09:50 часот, а неговата јачина била 1,7 степени според Рихтеровата скала.
Вториот земјотрес се случил во Доњи Милановац во 09:58 часот. Јачината на тој земјотрес била 2,1 степени според Рихтеровата скала.
Третиот земјотрес регистриран во Бор бил со јачина од 1,9 степени, регистриран во 11 часот и 42 минути.
Следните два земјотреса се регистрирани во Мајданпек во 12:39 и 13:28 часот. Магнитудата на четвртиот земјотрес била 2,3 степени според Рихтеровата скала, а петтиот 1,9.