Чудо во Турција: Куче извлечено од урнатините 25 дена по земјотресот

од Nikola Popovski
174 прегледи

Чудо во Турција. Во градот Хатај, еден од најтешко погодените од двата разорни земјотреси на 6 февруари, куче беше спасено од под урнатините 25 дена по земјотресот.

Екипи на АФАД и други служби работеле на отстранување на урнатините во Антакија, Хатај, кога слушнале глас под една од урнатините, по што следела потрага.

По успешната операција на екипите за пребарување и спасување, 25 дена по разорните земјотреси, од под урнатините успешно е извлечено куче од расата териер.

Утврдено е дека кучето успеало да најде храна под урнатините и така преживеало. По извлекувањето од под урнатините, кучето е пренесено во ветеринарна амбуланта.

При отстранување на урнатините, на истата локација е пронајдено и тело на лице за кое се претпоставува дека е сопственик на спасеното куче.

Во Турција и Сирија во земјотресите на 6 февруари загинаа повеќе од 50.000 луѓе, според податоците објавени од агенцијата Франс прес.

Фото: Anadolu Agency

Слични содржини